Колку што прочитав во datasheet-от, да, интегралното коло може да ја меморира последната „позиција“ во која се наоѓало, но само ако последната „позиција“ во која се наогало е наместена барем 2 секунди пред да се исклучи колото од работа. EEPROM меморијата може да издржи повеќе од 50.000 запишувања и бришења на последната „позиција“ во која се наоѓало интегрираното коло
.
Не најдов податоци за колкави можат да бидат вредностите на влезниот сигнал, но најверојатно не се големи, линеарно ниво на сигнал (1V до 2V) не би требало да претставува проблем за колото. Значи најевројатно не може да се користи на излез од засилувач, али некој ако сака да проба да го користи, ако не му страв да го изгори колото, нека проба па нека пише
.
Инаку има 64 различни сотојби (нивоа) во кои може да се наоѓа колото. „Потенциометарот“ е линеарен, не логаритамски. Постојат три различни верзии на колово: DSC1669-10 (еквивалент на механички потенциометар со вредност од 10K), DSC1669-50 (еквивалент на механички потенциометар со вредност од 100K) и DSC1669-100 (еквивалент на механички потенциометар со вредност од 100K). За аудио примена, би требало DSC1669-50 да даде најдобри резултати
.
Доколку се држат тастерите за Up и Down подолго време (подолго од една секунда), колото почнува да ја придвижува позицијата на „потенциометарот“ за еден чекор погоре или подолу на секои 100ms, односно за 10 позиции нагоре или надолу на секоја секунда, што значи дека ако почнете од вредност нула на „потенциометарот“ и го држите копчето за Up ситснато, ќе ја достигнете максималната вредност на излезниот сигнал за нешто поголемо време од седум секунди
.