Z32AL е во право .Ако има електрично мора да има и магнетно поле ( индукција),а магнетното поле и проводник кој се движи во него даваат електричен напон ,односно протекува ел.енергија.НФ засилувач може да засили фреквенција која ти ја бараш.Погледај во некој туторијал како се пресметува ( односно проектира) f - карактеристика на НФ појачувач.Побарај на .net има некои проекти.
Ако има *променливо* магнетно поле, мора да го има и другото :-) Доколку се статички полињата (не се променливи по време и простор), тогаш може, но и немора да го има придружното поле.
Радио-зрачењето се состои од два *типа* на полиња. Блиско и далечно. Блиското поле пак се дели на не-радијално т.е. реактивно и радијално т.е. фреснелово поле. Интеракцијата на блиското поле со приемниците околу него, го менуваат полето на предавателот. Пример - индукциони грејачи.
Далечното поле е она кое што се однесува како *вистинско електро-магнетно поле* т.е. векторите на електростатската индукција и магнетната индукција се 90степени еден од друг и едниот неможе без другиот. Далечното поле се користи за комуникација т.е. за било какво нешто во што е влезен зборот *радио*.
Далечината на која што се прави границата на блиско и далечно поле е чисто функција од брановата должина и најчесто се зема дека на далечина од 2 пати по брановата должина (минимум) е почетокот на далечното поле.
Да земеме дека фрекфенцијата од интерес е 20Hz, брановата должина e 15000000 метри, па види на која далечина ќе може воопшто да се пренесува сигналот :-)
Но постојат ELF комункации, најчесто за воена употреба и истражување. Во сите овие случаи антените се масивни, планетата земја се користи како дел од антената, најчесто дистрибуирани (електрично зголемување на физичкада должина се постигнува вака) и напоени со екстремно големи моќности (стотици мегавати)