Како со леќата? Тоа од апарат тешко веројатно, инаку до сега сите така ке гледаа на хистологија
Микроскопот е систем од 2 леќи, најчесто едната зголемува 10 пати (онаа до окото) и другите на шаржерот за леќи се од 10 до 100 пати зголемување што значи имаш можност да зголемиш до 1000 пати, но за да може да се гледа на толкаво зголемување, потребно е кедрово масло.
Јас со една леќа од апарат успеав да добијам зголемување од 1000 пати, една диода од оние point-contact, изгледаше 1,5m долга, леќата ми беше веднаш пред окото, исто како во овој случај... А 2000 пати, тоа со тие што ги користеше, пишува пластични топчиња, уште не сватив за што се користат...
А максимумот на светлосен микроскоп е 1500 ама тоа со кедрово масло испитување.
А што е тоа кедрово масло, ако може да кажаш, или кажи на англиски како е, па јас ќе разгледам на интернет...
Ако ако, убаво Сега само уште да ни каже Киловолт како ке го изведе тоа со леќата.
Околу јачината на светлината се користи дијафрагма-како округла вратичка која пополецка се затвара со вртење а со тоа се намалува влезната светлина.
Инаку студирам медицина па затоа ги знам овие работи
Ова го видов вчера на фејсбук, го имаа објавено "Relax, I'm an entomologist" и реков да го споделам
Ова сакам да го правам, бидеќи имав порано еден микроскоп, кинески беше, но бев задоволен, вадеше чисти слики, пластични му беа леќите, само едната од 1000x беше нешто пукната, но другите две од 200x и 500x работеа супер, имаше и дијафрагма, ламбиче и можност за обојување на светлината, со пластичен филм. Штета што немаше микро и макро винт... Брат ми го скрши окуларот, па се одлучив да го направам ова...