Здраво на сите, супер е форумов
Сакав да поставам едно прашање, па си викам типциве се стручни па да не лутам.
Прашањето е: Имам Cooler Master NotePal X2 Cooler Pad.
COOLER MASTER NOTEPAL X2 Laptop Coolerи имам проблем, неколку ги сменив откако го купив од Сет, смачено ми е веќе да идам натака-навака па ако можам сам да го решам. Проблемот е во тоа што од страната има некаков потенциоматар или како и да се вика, како за појачување на гласност на старите вокмени, тоа служи нормално за појчување и стишување на вртежите на перката, е сега после некое време сите до едно што ги имав почињаат да зафркаваат сами и се намалува брзината на вртежите а јас не ни го користам тоа бидејќи цело време сакам да врти на макс. Треба да го размрдаш малце и за да почне пак на максимум да врти.
Како да го премостам тоа за цело време да биде на максимум без таа фенси глупост да ја користам ?
Фала
едит- а и те како ми треба бидејќи лаптопот е прилично изфорсиран и очајно му треба малце од малце додатно ладење