Незнам ни јас самиот колку веќе теми има овде кои ја покриваат оваа иста тематика. Седни и побарај по дугите теми и се е веќе објаснето.
Свртница неможе никој да ти помогне да направиш се додека немаш релевантни мерења на секоја од компонентите веќе вградени во дадената кутија.
Понатаму. Зошто токму таа кутија? Го имаш истиот Фане 15 инча драјвер за кој е проектирана таа кутија?
Ако ме следите што кажувам веќе по незнам кој пат, ќе ви биде јасно дека не се прави прво кутија. Прво се одбира драјвер кој според своите параметри дава индиции дека ќе работи добро во кутија каква намера имате да правите. Потоа се прават симулации на неколку различни драјвери кои ви се во опција и се одбира оној кој ќе дате најдобри резултати според зададените критериуми за кутијата. Волумен, облик, тежина, баран СПЛ и фреквентен одзив.
Две различни 15ки ќе свират тотално различно во иста кутија се доколку параметрите не им се во +/- 5% исти параметри.
Башка кутиите кои ги наведуваш се за 12ка, не за 15ка.