Радиоаматерите освен што работат на радиостаници, освен што изработуваат антени, електроника, столбови и така натаму имаат и свој инстесен спорт.
ARDF е радиоспорт познат како лов на лисици. Интересна дисциплина за која и не е потребно да сте лиценцирани радиоаматери, секој може да биде љубител на овој спорт ako има желба.
Потребна е опрема која радиоаматерите најчесто ја изработуваат сами, а може и да се купи готова, сепак најдобри се самоделските таканаречените лисичари. Има категорија 144 и 3,5 мегахерци, тие фреквенции се усвоени бидејќи се универзално дозволени во сите земји. Потребно е да имате кондиција и да знаете да се ориентирате, а за тоа имате мапа и компас.
Народски кажано ова е лов на скриени радиостаници кој испуштаат сигнал во форма на морзеова азбука.
Секоја лисица испушта сигнал една минута, по истечената минута друга лисица испушта сигнал, па трета и така натаму и сите се на една фреквенција
Лисичарите имаат насочена антена и сигналот е јак кога ќе го најдете правецот на сигналот, останатото е да одите во правец на сигналот а тоа може да е и неколку километри, кога ќе стигнете блиску до скриената радиостаница и кога сте на неколку метра од неа лисичарот побудалува има најјак сигнал и сказалката на инструментот е на максимум, дури и ушите ќе ве заболат, значи тука е некаде
лисичар за 144 мегахерци
лисичар за 3,5 мегахерци
секоја лисица односно скриена радиостаница има печат и кога ќе ја најдете лисицата во картончето што го имате го удирате печатот и одите натаму да најдете друга. Во овој спорт има повеќе лисици некогаш и по 20 за еден натпревар, Бодувањето се врши колку печати имате во картончето и за колку време сте стигнале на целта
ardf маратонец на 144 мегахерци (превземено од википедиа)
ardf маратонец на 3.5 мегахерци (превземено од википедиа)
Лисиците се скриени во шуми и тоа на тешки места, морате да се пробиете некако за да стигните до нов, некоји маратони имаат повеќе лисици на растојание се на се 20 и повеќе километри