Здраво на сите, имам еден мал проблем со една графичка, уствари ке видиме колку е мал
имено на графичкава и менував термална паста, си работеше одлично, ама после промената на пастата, сликата што ја даваше беше само некои коцки во разни бои
, и ајде да не се замараме, ја дадовме со другарчево кај некојси електроничар, и овој вика дека не се правела, ајде ок ми ја донесе пак, ама сега поентава е што два кондензатора од задната страна недостигаат, еден точно кај процесорот, а другиот малку понастрана, сега кога ке се уклучи графичката, свири ко бацка на канта пазар и не дава никаква слика, не знам дали на мене ми се одлемиле тие кондензатори или тој електроничарот ги извадил, а и не е важно во моментов, сега ми е проблемот што никаде не можам да најдам шема или барем слика од позадината на графичката, да направам некоја споредба. Доколку некој може да ми помогне, му благодарам однапред, во прилог има и слики од картицата, која инаку е некој кинески шит, Foxconn 8800GT-512f.