Допунски пар транзистори ја преполовува струјата низ нив и можноста за горење е помала.Исто се преполовува преодниот топлотен отпор од транзисторот до хладњакот,тоа ти е помало загревање.
Како да не се преполовува!??
Во право е Maki. Струјата би требало да биде, барем теоретски, преполовена. Практично, секогаш едниот од двата ќе „води“ (струјата низ него ќе биде за нијанса поголема), но ова ќе се случува само поради тоа што различно струјно засилување ќе имаат двата транзистори. Не е возможно да се идентични
. Да, и преодниот топлотен отпор ќе биде преполовен бидејќи, ако транзисторите имаат исти куќишта, тоа значи дека на дупло поголема површина ќе се пренесува истата топлина (нема да биде иста, но вкупната, заедничката, на двата транзистори, ќе биде иста). Тоа значи дека имаш дупло помал топлински отпор (паралелна врска на два исти отпорника дава дупло помала отпорност
).
Може да проба. Не препорачувам вакви преправки, сепак, дизајнот е наменет за еден пар излезни транзистори, но можно е да има и позитивен резултат
. Не се знае додека не се проба
. Притоа, претпоставувам дека munja знае како се додаваат во паралела биполарни транзистори, а како се додаваат FET-ови и MOSFET-и (не е исто
).
Во секој случај, дефинитивно треба да се додаде кулерче. Тоа би го препорачал во секоја ситуација со волку моќен засилувач
.