Потрошувачката зависи од тоа колку моментално се оптеретени уредите кои се поврзани за напојувањето. Зависи и од типот/брендот на матичната плоча, колку периферни уреди (HDD, CD/DVD-RW, графичка карта) се напојуваат, итн. Ако на напојувањето пишува, на пример, 450W, тоа не значи дека толку моќност дава цело време... сметките за струја ќе ни беа астрономски ако ова навистина беше вака
. Тоа е максималната моќност која може да ја даде (конвертира од градската мрежа) на уредите од PC-то (иако, искрен да бидам, ретко кое Кинеско напојување може да ја издржи максималната декларирана моќност подолго од секунда или две
).
Ретко се случува компонентите во PC-то да трошат над 300 или 350W. Можно е да трошат толку (а и повеќе) моќност, но само ако имате врзано некоја бесна графичка за PC-то и играте некоја GPU оптеретувачка игра, имате врзано две или три HDD-иња и паралелно режете во два од три врзани режачи. Реално гледано, мерено од примарната страна (мрежата), напојувањата ретко надмнинуваат потрошувачка од 250W (зборувам за „нормални“ PC-иња, office машини, можеби и некои кои се малку подобри, но не „ѕверови“
). Затоа и може да работат Кинеските напојувања на PC-ињата, во спротивно, ако потрошувачката беше многу поголема, иако пишува дека се декларирани на, на пример, максимална потрошувачка од 450W, реално гледано, ќе изгорат при самото пуштање ако PC-то повлече повеќе од 300W. Е сега, сметајте дека дел од тие 250W (по некоја логика, би требало некаде максимум околу 50W) да се трошат при загревањето на компонентите во SMPS напојувањето (SMPS напојувањата се прилично ефикасни и немаат големи загуби на моќност, но се разбира не се идеални
). Ова би значело дека некаде околу 200W реално би бил peak-от на потрошувачката на едно „нормално“ PC (намерно е во наводници, тоа што за мене е нормално за многу може да биде и прилично слабо
, јас го изживеав времето на играње игри
, сега гледам да имам PC доволно добро за работа
).
А што се однесува до оние фамозни 600, 700, 800W-ни напојувања од брендови како Cooler Master, Corsair, Sesonic, XFX, Antec, Enermax... верувајте во принципот на работа нема некоја разлика
. Разликата е само во квалитетот на компонентите, подобро изведеното ладење, малку предимензионаринте компоненти (со цел да се намали на греење на компонентите, а се зголемува и ефикасноста на напојувањето), а не како што често може да се начека во Кинескине, компоненти со максимални работи напони на граница
. Дури еднаш ми се има случено да видам и кондензатори со максимален работен напон помал од оној кој е на нивните краеви
. Среќа не беше за многу, па не се случило да пукнат
. Кинезиве изгледа се надевале дека кулерот ќе ги лади и нема да има проблем
. Не пукнале, ама напојувањето не работеше повеќе од една недела и веќе липса, кондензаторите беа подуени како печурки по дожд
. Јас се чудев како воопшто и издржа толку со кондензатори со максимален работен напон помал од оној кој бил на нивните краеви
. Како и да е, поентата ми беше дека скапите напојувања не се научна фантастика
. Едноставно полесно може да се справат со потрошувачки peak-ови од причините кои погоре ги наведов
. Некогаш имаат и додатни повратни врски за најважните напони (+5V, +12V и +3.3V), наместо една за сите (како што имаат Кинеските
), па затоа и ретко може да се случи да има преголем или (почестата ситуација
) премал напон на излезите од напојувањето
. Тоа е тоа, нема некоја голема разлика
. Принципот на работа на сите е ист, се разликува само квалитетот на изведбата
.