Добро зарем неможе некој да даде прецизен одговор на кои точки или пинови колку напон или фреквенција да има како што е врската со 50мhz, од 4060 колку да дава и на кој пин, на 193,на 86,на 76,колку да има,што сте запнале за интегралецот кога со hcт одлично работеше првиот а и на шемата од 20w е hct,или тоа дека треба вакви такви инструменти.
А што, мислиш дека не ти требаат инструменти за поправка на ВФ техника? Особено не малку по специфични (спектрален анализатор, на пример)? Извини, ама мислам дека си во заблуда. Што мислиш, зошто многу електроничари (па дури и поискусни, дури и инженери) не се нафаќаат на изработка на аналогни ВФ уреди? Токму поради оваа причина. За да испиташ дали работи како што треба еден обичен предавател, ти требаат многу скапи инструменти кои многу често ги нема да се купат кај нас (зборувам, ако работиш „по пропис“, а не со финти). Еве, ако немаш спектрален анализатор, треба да поседуваш барем осциоскоп кој може да мери барем до 100MHz. Јас барем така мислам, а и стојам зад една реченица која сметам дека е апсолутна вистина: без мерење, проблемот тешко се открива (да не речам, се сведува на нагаѓање). А за да измериш, ти треба мерна опрема, така да, проблемот „се врти во круг“
.
Најверојатно е PLL-от проблем. Не знам колку знаеш околу PLL техники, но прво би ти препорачал да прочиташ некоја литература од оваа тематика (во линкот подолу има една книга на оваа тематика), да сватиш кои PLL техники се користат во електрониката, па дури потоа, да изанализираш која од нив е искористена во Veronica PLL 1W и на крајот да установиш каде може да биде проблемот, зошто PLL-от не сака lock да направи. Се разбира, треба да имаш и адекватна мерна опрема потоа (како што пишав, барем осцилоскоп). Може да е и некоја банална работа, ама тешко се откриваат вакви проблеми без адекватна мерна опрема.
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=10361.0
Или, може се ова да го рипнеш, да пробаш пак „јово наново“ да го изградиш Veronica PLL 1W и да се молиш дека овој пат ќе работи „од прва“
.
My 2 cents.