за жал ЕВН не ми нудат соодветно решение на проблемот. Ондносно ми нудат опција која би значела сам да си платам ново трафо, нов приклучок, кабел... (~15.000 Евра) со други збоови сам да си го решам проблемот а после они да ми наплаќаат индустриска струја на готово.
Па искрен да бидам, тоа е прилично моќна машина, но не верувам дека спаѓа баш во индустриски машини (не знам, можеби и грешам).
Штос е однесува до мрежата. јас како корисник се наоѓам на крај од главниот доводен кабел, односно прилично сум одалечен од трафостаницата. Струјата во тој реон е појачана од неодамна но сепак се приметува сеуѓште по малце паѓање на струјата за време на викенди и други спицови на корситење на струја во мојот реон.
Всушност, ова е проблемот. Можеби трафо станицата е сменета, ама инсталациите не се
. Најверојатно тоа е проблемот
. Дебелината на инсталационите кабли е останата иста, што значи дека дури и да може трафо станицата да ја даде посакуваната јачина на струја (моќност), повторно, ќе се јави пад на напон поради прегравње на каблите додека да стигне таа струја до машината бидејќи должината на тие кабли е поголема, отколку ако беше блиску до трафо станицата. Ако беше блиску до неа, најверојатно немаше да го имаш овој проблем, но тоа е тоа :S.
Во консултација со еден пријател ми спомнаа некој вид на стабилизатор од 10 kw (кој чинел околу 850-1000 Евра) но не се сигурни ниту му гарантираат дека би го решил проблемот.
Сега бидејќи сум лаик за овие работи би ве молел да ми помогнете дали ова и звучи како разумно решение на проблемот?
Паааа... дискутабилно е ова. Прашање е дали стабилизаторот го стабилизира мрежниот напон само на секундарната страна (на страната на која е потрошувачот, односно машината) или и на примарната страна (на страната на мрежата, што не верувам, ако постои ваков стабилизатор, прв пат слушам за него и не верувам дека е евтин, односно околу 1000 евра, најверјатно е многу поскап од тоа и има индустриска примена). Ако го стабилизира напонот само на секундарната страна, нема да има никакво подобрување. Само твојата машина ќе го осети подобрувањето на напонот, а сите останати ќе имаат уште поголеми проблеми поради поголемата потрошувачка на струја бидејќи сега има уште еден потрошувач во мрежата, а тоа е стабилизаторот (и тој троши струја за да го стабилизира напонот). Така да, јас мислам дека ова нема да даде резултат. Добро е ако можеш да набавиш каталошки податоци за тој стабилизатор, па да видиме како работи и што всушност стабилизира
.
Можно е да има многу евтино решение за проблемот, но само ако важи следново:
1) Имаш трофазна инсталација. Монофазна која е разделена на три фази, најверојатно не би завршила работа.
2) Машината е составена од повеќе компоненти (мотор, греач, контрола...).
Зошто е важно ова? Бидејќи ако има повеќе компоненти, може да се подели потрошувачката на секоја од компонентите да биде на различна фаза
. На овој начин, ако секоја од компонентите не влече значително повеќе струја од остантите (на пример, моторот влече 5KW, а останатите две или три компоненти влечат сите заедно 2.5KW), потрошувачката ќе се подели скоро подеднакво на сите три фази, па падот на напонот нема да биде голем
.
Е сега, како што реков, ова е можно само ако машината е составена од повеќе компоненти. Ако е само една компонента (на пример, само мотор), ова нема да може да се изведе :S. Во ваква ситуација, не е лошо да пробаш да ја смениш фазата на која ја приклучуваш машината
. Можно е инсталацијата на некоја од другите фази во тој реон да е изведена со подебел кабел (што не верувам, но надежта последна умира
) или да нема многу важни потрошувачи на таа фаза. Кој знае, ако можеш, пробај
.
Би било добро ако можеш да дадеш малку повеќе информации околу машината, па дури и слика, за да знаеме од прилика за каков тип на машина станува збор и дали некое од понудените решенија би одговарало. Вака, само нагаѓаме :S.
Е сега, може да е проблем и сосема трета работа која не е баш многу поврзана со падот на напонот. Ако машината користи мотор, можно е моторот да внесува високофреквентен електромагнетен шум во мрежата кој (некогаш) може да предизвика и вакви проблеми, ако е преголемо нивото на електромагнетен шум. Ова лесно може да се реши со EMI филтер, а и не се прескапи, дури и за големи моќности . Ако имаш осцилоскоп, лесно може да се провери дали е ова проблемот (или дел од проблемот).
пријателе, би те замолил малце повеќе информации околу ова. Кој би можел да ми измери со осцилоскоп за да утврдиме дали можеби тоа е проблемот и каде би можел да набавам таков филтер доколку се испостави дека тој би го решил проблемот.
Паралелно на мрежата (на оној штекер на кој се поврзува машината) се врзува осцилоскоп поставен на AC подрачје (оние кои ќе мерат, би требало да знаат што значи ова
). Пред да се пушти машината во работа, сигналот кој ќе се гледа на осцилоскопот треба да биде чиста синусоида (или приближно на чиста, поентата е, не треба да биде многу изобличена синусоидата). Се пушта машината во работа. Ако по пуштањето на машината, на екранот на осцилоскопот почне драстично да се менува формата на синусоидата, значи дека машината внесува електромагнетен шум во мрежата. Ако е премногу изобличена, можно е главниот проблем да е ова. Некако вака ќе му дојде.
За нормален мрежен напон се смета горната слика. За мрежен напон со голем процент на електромагнетен шум (сметња) се смета долната слика, само што во двата случаи се мери напонот, а не струјата (како на втората слика).
Искрен да бидам, не верувам дека е ова главниот проблем, дури и да внесува електромагнетен шум машината во мрежата, но не е лошо да се провери
.
Било што да ставиш на твојот приклучок нема да им го реши проблемот на комшиите. Фреквентните регулатори за таа моќност се неколку пати поскапи од самиот мотор и нема да ти го решат проблемот. ЕMI филтерите па ич. Но да не ја ширам многу. Решението е токму во твојата област. Треба EVN да ти обезбеди добра линија затоа што 7,5Kw и не е некоја голема моќност. Проточен бојлер е од 18KW до 24KW. Греалки (тајфуни) имаш по 9KW. И јас го имав истиот проблем со ротациона машина за заварување од 12KW. Сега кога ја средија линијата нема проблеми.
Еве, некои од работи, не сум ги знаел (пред се мислев на портошувачката на моќност на некои од овие уреди
). Благодарам за информациите, ќе се најдат
.