Треба да се изанализира шемата, да се види каде се излезите
. Ако ги модифицира излезите така да има два предни и два задни, но звукот им се разликува (било како, послаби ниски, ехо, delay, што и да е), малку потешко ќе биде вадењето на сигналот од самото радио :S. Да се надеваме дека не е таква ситуацијата :S. Да ја разгледам шемата, ќе пишам
.
Вака сега, ја разгледав шемата. Отвори го service manual-от на 42-ра страна. Во долниот лев агол се наоѓа излезниот засилувач TDA7385. Сигнал можеш да земеш од било кој од неговите четири влезови. Пин 11 од колото ти е Left Front In, пин 12 ти е Right Front In, пин 13 ти е Signal GND, но овој Signal GND е виртуелен, така да, не знам дали ќе може да функционира со било кој екстерен засилувач, особено ако на засилувачот Signal GND му е врзано за глобалната маса (шасијата). Можно е да изгориш некој компонента, можеби не излезниот засилувач од радиото, но колото PT2313L (IC8, десно од излезниот засилувач е на шемата), можно е да го изгориш :S. Претпазливо пробувај
.
Исто така можеш да го извадиш (најверојтано) истиот сигнал и од пиновите 15 и 14 од TDA7385 кои се всушност се Left Rear In и Right Rear In за колото соодветно
. Signal GND и во овој случај е поторно пин 13 од TDA7385
.
Еве слика за да стане појасно
.