Го сменив линиското трафо, сега се сите напони како што треба (9V, 12V, 26V, 160V) ама пак не се пушта. Кога ќе го вклучам главниот прекинувач оди во стенд бај, свети лед диодата и прави звук како да сака да се пушти, тогаш нема напони на контролните точки, кога ќе стиснам тастер од далечинското или плочката, ги добива напоните, се гаси лед ама не стартува. На колектор од транзисторот BUT12 (ознака 7528) има 95V, сепак го сменив за проба, ги проверив блоковите и диодата (2527, 2528, 6528), ништо. Кога го допирам колекторот со нешто метално звучникот крцка како кога работи, а нема тон или слика? Идеи?