Дали некој има изработено детектор за радијација? Бидејки имам намера да направам, па би било добро да закачи некој од форумџиите некој испробана шемичка
Јас моментално сум во процес на дизајн, тестирање и калибрирање на гајгер-милеров бројач со помош на гајгер милерова цевка. Во игра се две цевки - СБМ-20У и ZP1310. Еден од *поинтересните* проблеми со кои што се соочувам е дизајнирање на стабилно напојување потребно за работа на овие цевки кое што ќе биде регулирано и *паметно*
Штом завршам со дизајнирањето сигурно ќе ја поставам шемата / уредот како отворен хардвер на интернет.
Поздрав