Според мене и не ти е исплатливо...полирки имаш за 2500-3000 ден. Секако освен ако сакаш да правиш експерименти
Изработката на регулаторот ќе го фати далеку поевтино
. Особено ако ги има деловите по дома
. Јас имам Dremel 300 гравирка, и иако има регулација за бројот на вртежи, бројот се движи од 10.000 вртежи па до 33.000. Толкав голем број на вртежи не ми е потребен, а и да бидам искрен, при толку големи брзини, веќе почнува да самоосцилира гравирката (да бруи). Реално, добро работи (без самоосцилации) до кај 20.000 или 25.000 вржтежи, во зависност од тоа дали она она што го имам монтирано на врвот на гравирката е добро избалансирано или не, вклучувајќи го и футерот. Многу често имам потреба од помал број на вртежи (поради поголема прецизност, помала осцилација, итн.), на пример, до кај 2.000, но не можам до толку да го намалам бројот на вртежи, почнува со 10.000 :S.
Искрено, не знам зошто не ги изработуваат со кола за линеарна регулација ваквите уреди, особено гравирките. Ај, кај обични бормашини, да бидам искрен, и не е многу важно да има линеарна регулација на брзината, важно е да има, па дури и нека е скалеста, битно да ја има. Ама кај гравирки и други уреди за прецизна обработка на материјали, многу е важно да имаш добра и прецизна контрола на бројот на вртежи. Инаку, кај сите гравирки кои ги имам видено (разгледував пред да го купам Dremel-от), регулацијата на вртежите е скалеста, на пример, 7.000, па 15.000, па 20.000, итн. Дури и поевтино ќе ги чини да изведат континуирана регулација со помош на „димер“ (модифициран за индуктивни потрошувачи, се разбира
).
Инаку, да, во принцип, тие кола се димери
. Само се модифицирани за индуктивни потрошувачи (како што се моторите), а не омски (како што се сијалиците со жаречко влакно).