Па дојде времето и јас да сум при крај со средното школо и како што е редот треба да се одбрани по некој предмет.
Планирам еден од тие предмети да е практична настава, така да сакам да го изработам овој проект од емитер.
http://www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=3782
Е сега бидејќи малце заарѓав со електроникава и општо со компјутериве(немам направено ништо од лани), цело лето го поминав уживајќи се до сега ке прашам неколку глупи прашања, се надевам нема да ми замерите
Не ми е јасно во врска со поврзувањето на жиците, да објаснам подобро:Има три точки, првата е за напон, втората е маса и третата е за 3.55мм кабел.На сликава од емитер колку што гледам има 3 жици наместо 4 т.е. кај масата има една жица наместо две, според тоа што треба да има една од напојувањето и една од 3.55м кабел.
Бидејќи не знам на какви звучки ке биди приклучен ву метаров, еве една табела па доколку можите да ми кажите одприлика каков отпорник и кондензатор да ставам и што да изменам за да го приклучам на 12в.
Истотака немие јасно во врска со приклучувајнето на 3.55мм кабел.Дали тој ке иди во матичната плоча т.е. на матичната да ставам сплитер и на него поставен 3.55мм кабел од звучниците и од ву метарот или пак на звучникот напред каде што се става слушалки.Ова од секогаш ми било проблем, никако да го сватам бидејќи првиот ву метар кој го направив доколку го поставам дирек со сплитер на матичната плоча не добивам никаков сигнал.Треба да поставам сплитер напред на звучникот каде што се поставуваат слушалки и на сплитерот да поврзам уште еден звучник без напојување.Но вака не добивам квалитетен глас, па како би можел тој проблем да го решам?
Благодарам.
[датотека избришана од администраторот]