Живеам во зграда привремено во мојот стан нема приклучок за кабелска и ми бараат висока сума за приклучок...
А зошто едноставно не ставиш сателитска антена? Не е прескапо, а доживотно ти е бесплатно
. Ќе имаш многу повеќе канали, плус, ќе ги имаш оние кои ќе си ги меморираш, а не оние кои ти ги праќа кабелската
. Receiver заедно со Dish не е повеќе од 3000 или 4000 денари, ако можеш и сам да ја монтираш, уште подобро, нема да плаќаш за монтажата која би била околу 1500 денари
. Најпросто, го насочуваш Dish-от на некој дел од небото и гледаш дали и каков е сигналот од Receiver-от
(дали има пречки, дали не, ако има, менуваш позиција, ова она, итн). За 100 евра имаш Receiver со Dish кој има мотори и контролата на моторите од Dish-от е преку Receiver-от, така да, антената сама си се позиционира на местото на кое фаќа некој сиателит (од менито во Receiver-от го бираш сателитот
). Веќе не се толку скапи како порано
. Освен тоа, многу од Receiver-ите сега веќе имаат и RF излез, така да, можеш да си испрограмираш некои канали да ги праќа и како обичен RF сигнал и да се фати сигналот на обичен антенски влез од телевизор, што значи дека може да врзеш повеќе телевизори, не само еден
.
Чисто како предлог, не значи дека не сакам да ти помогнам со проблемот... но некако ми изгледа како пара фрлена за џабе (зборувам за засилувачот за антена), а решението е краткотрајно (по некое време, ќе стават приклучок за кабловска и во твојата зграда, и пак ќе мораш да плаќаш за канали кои со сателитска антена ќе ти бидат бесплатни
).