Author Topic: Потребна ми е помош за изработка на ПЦБ за кодер 3/7  (Read 774 times)

Offline JOCO

  • Нов член
  • *
  • Posts: 45
Здраво на сите.Еве по подолга пауза пак ви пишувам иако не бев многу активен на форумов(сепак редовно го посетувам иако сум презафатен со работа и со факс).Имам проблем со дизајнирање на плочка за овој кодер(Потребен ми е за проектна задача за на факс и требаше да го правам на протоборд,но сакам да биде на печатена плочка).
Значи направив симулација во Мултисим 11 и со опцијата за исцртување на водови доаѓа многу испомешано.Пробав сам да ја нацртам во Sprint Layout 5.0 и не знам како да ги поврзам водовите од инверторите до логичките И-кола.Секоја сугестија и совет се добредојдени.Во прилог ви испраќам и симулација во Мултисим 11.Ви благодарам однапред и поздрав. ;) ;) ;)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
а дали би можел да ставиш ти една шема во jpg или некој друг формат, да видиме што како, пошто немам мултисим не можам да отворам, ќе ти помогнам за цртање во Sprint Layout, можам да ти помогнам и за DipTrace нешто мала работа или пак во Altium Designer S'09 (многу малку знам да работам во овај)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline JOCO

  • Нов член
  • *
  • Posts: 45
Одг: Потребна ми е помош за изработка на ПЦБ за кодер 3/7
« Reply #2 on 24.05.2012, Thursday, 21:53:10 (Edited 24.05.2012, Thursday, 21:56:31) »
Еве слика од мултисим.





Првата верзија од првата слика е подобра, бидејќи минимизирани се колата во 1 инвертор (7404н) и три AND-кола (74лс11), наместо три инвертори и седум AND-кола, како што се на втората слика.

Јас сакам да нацртам плочка според првата слика.

А како опција би можело и на некои места наместо линии на плочката да се користат жици за поврзување, зошто тешко ми изгледа да се нацртаат сите конекции да бидат на плочката,

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Потребна ми е помош за изработка на ПЦБ за кодер 3/7
« Reply #3 on 01.06.2012, Friday, 14:02:40 (Edited 02.06.2012, Saturday, 22:43:39) »
морав да ти ја прецртам шемата оти малку не ми беше јасна, за кратко време ќе ти ја дадам и плочата
еве да видиш сега како ти изгледа шемата :D


ако сакаш во целосна големи да ја видиш, десен клик опен бла бла бла...



Плочката во Sprint Layout 5.0 формат ти е прикачена во атачмент, помала од олку плочата и да сакаш не може да се направи  ;D
има малку повеќе краткоспојници, ама тоа ти е кога сакаш да користиш логички кола за сам да правиш кодер, наместо да си купиш некој готов  :D


ЕДИТ 2
додадена е во атачмент плоча за доколку се користат 4069 и 4073 интегралци, во случај да ги нема 7404 и 7411, 7404 е компатабилно со 4069, но 7411 не со 4073 затоа има нова плоча v.1.0 :D
Шемата останува иста, само распоредот на пиновите од 4073 не одговара на тој од 7411 друго принципот е ист :), ако е потребно накнадно ќе нацртам нова шема со промените што се извршени
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!