Напојувања....мојата опсесија
Со мојте проекти за напојувања сте веќе запознаени, некоји довршени, некоји не, некоји допрва почнати. Работата е во тоа што лесно најдувам компоненти и тоа најчесто бесплатно ако некој нешто сака да фрли или не му треба. Кутија во која што имало еден трансформатор, расипан грец, испукани електролити, прегорени транзистори и така натаму и така натаму.
Во овој случај како горенаведено добив кутија каде што само трансформаторот беше во ред. Некако ми дојде идеја за да направам регулиран и исправувач со дигитални инструменти. Од почеток мислев дека ќе тера до 10А ама овој трансформатор има два излеза од по 10А који што можеш да ги спојиш и да добијеш еден излез со 20А.
Транзистори 2N3773 се одлична замена за традиционалните 2N3055 и мислам дека се и подобри.
Старата кутија малку ја модифицирав, направив преден панел од алуминска предна и вградив дигитални инструменти који ги набавив од LordZi. LordZi ми спомна дека инструментите не смеат да се напојуваат од истиот трансформатор што ќе го мерат оти ќе прегорат интегралните кола. Тука малку имав проблем оти требаше посебни два трансформатори за нив, пробав со еден посебен за двата инструменти ама некако не се поднесуваа еден со друг ако се напојуваат од еден трансформатор кој е независен од трансформаторот на исправувачот, сепак успешно е решено со поставување на два помошни трансформатори и немаше никаков проблем.
правен е по шемата:
превземено од покетмеџик
Исправувачот има минимален напон од 3 волти а максимален 20 волти
Денес го завршив и првиот тест беше да се испроба на самоделски вентилатор
сепак 1А струја не значеше некое оптеретување за него, така решив да пробам на еден малку постар акомулатор
1,5А сеуште не ги задоволе максимумот така што ми текна дека имам пробиен акомулатор што не крева повеќе од 6 волти колку сакаш полни го и на обичните полначи им ги прегорува осигурачите, што значи дека трга голема струја, тоа е навистина добар стрес тест, а тестот помина вака:
15А без проблем е ова е навистина ѕвер
и што е најважно ова е стабилен уред и нема варирања на напонот.
Овој уред има многу можности, од напојување за радиостаница, полнач на акомулатори и така натаму и така натаму. Ова е еден од мојте најуспешни проекти. Сакам да додадам дека за овој уред добив голема подршка, совет и помош од мојот добар пријател радиоаматер Кирко Z31WW за што му сум многу благодарен