Пред извесно време правев муабет со еден наш колега за сателитска телевизија, му спомнав дека кај аналогната сателитска телевизија...... се изненади малце бидејки ретко кој знае дека има и вакво нешто.
Имено во почетокот на осумдесетите години кога почна трендот на сателитски телевизии, истите беа многу малку и најчесто тоа беа само државните телевизии, што би рекол еден пријател: малку ама реални телевизии а не како сега, секој со пун џеб може да има сателитска телевизија. Во почетокот емитувањето беше аналогно и се емитуваше на 4GHz и 12GHz бандовите. Кај аналогната сателитска телевизија единствен проблем беше да се улови 100% добар сигнал а потоа се препуштавме на уживањето во странските канали. Секако доловувањето на силен сигнал е најлесно со голема парабола. Кај аналогната сателитска телевизија нема маани. Да да, ги нема мааните од сегашнава дигитална телевизија како пикселизација на моменти, пикселизација на брзи движења, не толку реални бои, не добар контраст, со еден збор сликата не е жива како кај аналогната телевизија!!!
Во деведесетите години беше експанзијата на аналогната сателитска телевизија па така во тоа време државните радио/телевизии од нашата околина се емитуваа на аналогната сателитска телевизија. Некои од нив се: Pink plus, RTS SAT, HRT1, РТЦГ, М-САТ, ЕРТ, TVSH, и секако нашата македонска телевизија! Секако во деведесетите најпопуларни кај нас беа RTS SAT, Pink plus и HRT1 па дури беа погледани дури и од нашиве канали, посебно дневникот на RTS SAT, и песните на Pink plus кои беа вистински хит во тоа време.
Денес на аналогната сателитска телевизија има само неколку канали кои може да се избројат на прстите од рацете и нозете. Мислам дека уште АСТРА емитува аналогни канали, додека другите компании од пред некое време престанаа со емитување на аналогните сигнали и ги исклучија аналогните транспондери. На голема жалост аналогната сателитска телевизија за само 1 месец ке отиде во неповратната историја и од неа ке останат само спомени и ништо друго.
Бидејки повекето членови немаат видено како изгледа слика од аналогна сателитска телевизија ви го претставувам ова видео кое е снимка од аналоген сателитски ресивер, сега е во дигитална форума и не го има оној квалитет на чист аналоген сигнал, ама колку толку да видите.
Astra 19.2°E: Analogue Satellite Channel Surfing 4th December 2011