(kod vas to bre nesto skupo?)
Да, кај нас цените се прескапи, и ги држат такви бидејќи нема многу фирми за електронски компоненти. Во многу градови има само по една (да не спомнувам кои цени ги прочитав за LED диоди, цени од по 0.5 евра една, а некогаш и повисоки, ама тоа е, нема друга фирма во близина, единствена која продава е таа, и луѓето се приморани да плќаат астрономски цени), немаме фабрика за трафоа, сите кои се увезени кај нас се пред се од Турција.
Истото се случува и со многу други уреди, USB конвертори, ова она. На светски пазар, цените на, на пример, MIDI-to-USB конвертор е околу 5 долари, кај нас или нема такво нешто, или е околу 30-тина вера
. Значи повеќе од X6 ќар прават фирмите
. Ај, еве, ќе одбијам царина, транспорт, ова она. Пак, ќарот им е сигурно преку X3, тоа не може никој да ме разубеди.
Ај, за ситни работи можеме да ги купиме од net. Ама за вакви големи и тешки работи (како трансформатори), не ни се исплати да ги нарачуваме од странство, ќе ни се фати многу поскапо одколку тука да ги купиме, иако и тука се многу скапи. Фирмите за компоненти го знаат тоа, и затоа не ги спуштаат цените. Од истите причини, еден обичен аналоген осцилоскоп со фреквенцтен опсег до 50MHz кај нас, на ново, има цена од околу 500 евра, додека на светско ниво, овие цени се дупло пониски. А да не зборувам за цените на осцилоскопите на старо. На ebay може да се најдат осцилоскопи и по 50-тина вера. Е сега, проблем е shipping-от. Затоа и не се купуваат такви работи преку net. Дур го донесеш до тука, ќе те кошта X3 од тоа што си го платил :S. И пак на крајот си го преплатил
.