Author Topic: Српската телевизија БК повторно активна :)  (Read 1048 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Затворената телевизија БК која сите ние ја знаеме, кој ја гледал преку сателит, кој преку кабелска... беше популарна телевизија ама во 2006та им беше одземена лиценцата за работа и им ги исклучија сите предаватели а некаде во 2007ма престана да работи и сосем згасна. Сега гледам дека емитуваат ама само на интернет.

BKTV News - Telefakt 05.12.2011.

не ме чуди и А1 да се активира на сличен начин
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
За А1 не верувам да се активира ни преку Интернет.Прво,новинарите се разотидоа ,дури и го тужат Рамковски за заостанати плати и сл.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Српската телевизија БК повторно активна :)
« Reply #2 on 01.04.2012, Sunday, 15:55:39 (Edited 01.04.2012, Sunday, 16:43:04) »
За А1 не верувам да се активира ни преку Интернет.Прво,новинарите се разотидоа ,дури и го тужат Рамковски за заостанати плати и сл.
На жалост не си во право, барем делумно ако не потполно, бидејки:

А1 Доаѓа...

Веста која вчеравечер ја обиколи Македонија дефинитивно беше информацијата за враќањето на А1 во интернет форма, кое ќе се случи во април.

Марнет веќе го објави домејнот a1on.mk како постоечки, регистриран пред два дена. Регистрантот е посочен на истата адреса каде што беше и оригиналната А1, „Перо наков“ бр. 60.

Македонската јавност вчера на големо ја коментираше веста за А1ON. Некои ја поздравија оваа информација, очекувајќи да се понуди нешто ново, бидејќи станува збор за редок ваков обид да се стартува интернет телевизија во Македонија.

Други пак, воопшто не се задоволни што некои поранешни новинари од А1 го земаат на грб сето она што било градено од многу луѓе изминативе 20 години, и дека интернет телевизија нема шанси да се промовира во Македонија.

Интересно е што овој чекор би требало да е ист со оној на српската БК телевизија, која слично како и А1 беше угасена во 2006-та година, а денес со информативни изданија се огласува преку YouTube.

Направено е и фан видео на YouTube, на кое освен рекламниот постер, во позадина се слуша и ‘Born to Die’ на Лана Дел Реј.

извор:
Code: [Select]
http://www.primetime.mk/komentari-za-vrakjanjeto-na-a1/
Иначе по само некој час по дознавањето на веста сам увидов дека логото им е плагијат или пак иранската ТВ А1 има плагијат лого, (исто онака како што прикаските на канал5 се плагијат од народните прикаски од МТВ само што на крадениве има модулиран шовинизам), еве зошто:




Бев кај зградата на А1 и што да видам, личеше како никој да не влегол 1 година. Запустено и оставено само на себе. Едино имаше неколку паркирани возила и два песа кои лежеја покрај портата. Едино живо нешто беа двата улични песа :)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.