нај убаво е објаснето во текстот на сајтот наш, кај што и енергија го опираше истиот текст. некој претходно на шала напиша ефектот на триење раце. значи тоа е точно моја фраза кога на луге им објасувам како работи системот. еве вака:
пробајте, затријте ги рацете една од друга и ке осетите температура на рацете. ке станат топли. во овој систем тоа ние и го правиме. значи на нас побитна ни е херцажата на струјата одколку волтажата. во вој систем, во црното поле на самите сонди (поле на молекуларно бомбардирање-така го крстивме) се слушува процес каде што молекуите на водата ги тераме да се тријат еден од друг. и тоа точно 50 пати во секунда, бидејки толку херци има нашата струја. колку за компарација само, ке ви кажам дека овој систем го однесов во америка. од таму чекам некои сертификати патем речено. таму, на нивната струја 110 волти но 60 херци системот покажа подобри резултати, бидејки молеклуарното обомбардирање е со триење од 60 пати во секунда, а тоа е околу 20% повеке од тука.
инаку за да се добие овој процес да биде стабилен, да нема ослободување на гасови, да нема поместување на повлекување на снагата треба да се има страшно стабилен флуид-електролит и секако изборот на материјали треба да биде прецизен. во електро хемијата се пресметува и се гледа агресивноста при молекуларното бомбардирање и на сите метали. некој погоре го спомна иноксот. да и ние со инокс на времето тестиравме. ни излезе дека инкосот, какот таков толку цврс и јак материјал кој не кородира, не оксидира и не лепи на себе ништо е уствари толку лесно распадлив метал при електролза. од дебелина како малиот прст да речеме, при константа работа и оптеретување на 4 киловати издржуваше околу 120 работни саати пред да се престори (разложи) и стопи во чачкалица за заби. со таков коефициент ние како фирма би пропаднале
сегашните материјали што се користат се многу издржливи и долготрајни. имаме системи кои се по 10 години стари а електродите (катода и анода) не изгубиле (не се разложиле) ни 1% од својата површина и структура, односно, го имаме постигнато ефектот што го сакавме да добиеме стабилен електрохемиски процес при кој нема распаѓање на метали, нема ослободување на гасови и нема измени во електролитот т.е. ферментација.
пак ке се вратам на струја. од она погоре што го пишав за херцажата. бидејки со тоа свакате дека на нас не ни е битно колкава е струјата по волтажа, од тука доаѓа и моментот каде што постојано тврдиме и сме докажале со факти И ПРИМЕРИ дека и при огромен пад на струја (нешто што го има многу често во државава) системот и понатака работи и грее. на радикалните примери што сме ги евидентирале се во куманово (рајкова куќа) и гевгелија (десната страна)... во рајкова куќа имаме фотографија која покажува пад на напон при што човекот дома имаше 135 волти. во гевгелија имаше 155 волти. и во едниот и во другиот случај БУКВАЛНО ништо дома не им работи. ни фрижидер, ни перална, ни телевизор ама баш ништо, освен греењето. кано системот (поспоро секако) загрева без проблеми и функционира. имаме и евидентирани докази со фотографии оваква дешавка. имаме случај и во пинтија-скопје на неколку места каде што падот им беше околу 180 волти и пак работи.
од наши лични тестирања. системот може да работи без никаков проблем се до 80 волти. и тие 80 волти не би биле проблем и под нив да се иде, но понатака више проблем е за пумпата циркулациона која ке застане и нема да може да врти. значи КАНО сондите и понатака ке работат но пумпата нема да мозе да го бутка тоа кон радијатори.
кога би успеал да добијам струја која е 100 волти а има 200 херци, јас би го имал нај економичниот систем на светот. бидејки тогаш со 3-4 киловати ке можам да грњам објекти од по 200-300 квадрати. мегутоа не е возможно. да ке направиме елкетронски уред со трафоа и слично кој ке ја понуди оваа струја и ке издржи повлекување до 20 ампера без проблем. дали сте се запрашале колку струја тој уред би трошел од оваа струја сега што ја имаме?
Споено мислење: [time]24 Јануари 2014, 11:02:03[/time]
еве во рајкова куќа-куманово:
туке сликнато на 40 степени но тоа е повратната температура, она што се враќа од радијаторите, веке подизладено, без проблем топла вода кон радиајтори (излезна темепратура или потис стручно кажано) иде и до 80 на пример.. може и повеќе.