Имав едно AC високонапонско трафо дома и се мислев да му направам добар драјвер, па се одлучив за оваа шема:
Шемата не е ништо посебно, 555 кој осцилира во астабилен мод и преку двата транзистори го “вози“ IRF540 мосфетот. Морам да напоменам дека оригиналниот примар од трафото го извадив и на негово место намотав 7 намотки изолирана жица извадена од 2,5 мм кабел за инсталација. Мосфетот се загрева многу, ама е поставен на огромен ладилник и нема гајле.
Исто пробав на паралелно на примарот да ставам кондезатор од 470 нанофаради за да работи трафото во резонанција, и вака мосфетот не се загрева, ама напонот на секундарот е помал за сметка на поголемата струја, лаковите делуваат помоќно и се пожешки, усвитуваат и топат тенка жица
Инаку на 25 волти драјверов влече околу 3,5 ампери кога е наместен со тримерите за највисок напон на излез, а при влечење на лакови околу 6 ампера, веројатано дека на 6 ампера напојувањето има струјно ограничување. По далечината на која фрла искра, мислам дека излезниот напон е околу 20 kV, а фреквенцијата на работа на која дава највисок напон е 81 KHz.
Еве неколку слики:
Плазма топка со две сијалици
Напомена до сите кои планираат да прават нешто слично,
бидете внимателни, ова не е играчка.