На ова ќе речам и да и не ако сите и за се размислуваат вака тогаш повеќе ќе нема копи/пасте а за тоа што некој си платил екстра тогаш и проектот го купил значи е негов и он одлучува дали ќе го сподели со други или не и под кои услови, ама во секој случај треба колку може да се споделува со луѓето така ќе се зголеми интересот за областа а и да му се помогне на некој кој никогаш не се го сретнал во животот е благодарна работа нели?
Добро, да и ова „држи вода“, но повторно малку ќе „навалам“ на страната на Goce. Интересирање е една работа, за луѓе кои очигледно е дека се интересираат за нешто, ОК, нема проблем, ако имам слободно време, зошто да не му помогнам во дизајнот на некое коло или за пишување на програма за микроконтролер, не гледам причина, особено ако за мене е ептен лесно тоа
. Но имало некои поединци (членови на форумот) кои очигледно барале дизајн за комерцијални цели со мислење „абе ај, ќе се најде некој бу*ала, ќе напише софтверче“. Искрено, би го направил ова само за некој долгогодишен соработник (индивидуа која со години соработува и купува мои дизајни) и тоа само ако станаува збор за нешто навистина просто и што може да се направи за (фигуративно кажано) 10 минути. Вакви ситуации (барање на готов проект за без ич пари) не се пречести, ама ги имало на форумов и сум ги забележал. Дали некој ќе му одговори на ова барање или не, тоа е сосема друга работа, секој со своите убедувања. Јас лично, не. Не поради друго, ме иритира идејата дека членот со мојот дизајн ќе направи пари, а јас нема ништо од тоа да добијам. Да беа повеќето луѓе фер и да ми речеа „друже, ОК, ја напиша програмата, го дизајнира колото, нејќам да биде муабетов „те зае*ав“, затоа, еве процент од секаде каде што ќе го продадам твојот дизајн“, зошто да не, би напишал. Ама на никој тоа нема да му текне, освен можеби на некои алтруистички настроени индивидуи, кои не верувам дека воопшто би побарале „помош“ од ваков тип, туку сами ќе засукаат ракави и ќе научат како да го прават тоа. Кога ќе го земам се ова во обзир, значи дека сите кои би побарале ваков тип на услуга, во принцип, не мислат да ми платат за мојот труд за уред кој е дизајниран за специјални потреби. Епа извинете, ама не мислам да бидам ни прв ни пследен бу*дала на кој ова му се случило.
Како за крај само сакам да нагласам дека ова не е ситуацијата со повеќе од 90% од побарувањата на форумот. Најчесто се бараат решенија за некои лични и куќни потреби, што е ОК, со таков тип на помош немам никаков проблем. Сакав ова да го нагласам со цел некој да не ме свати погрешно дека не сакам да помагам на членовите на форумот, а со тоа да дадам и порака према другите да не помагаат. Верувајте, тоа е далеку од вистината
. Поентата ми беше да спомнам дека има и ваков тип на побарувања (со комерцијална цел), но сепак се (сеуште барем) многу ретки
.
ПС: Со среќа со работното место stealek
.