Види дел од тие пакети се контролен сообраќај, контрола на мрежа, update на IP, ако имаш рутер, има уште еден куп протоколи кои ги користи самиот рутер како начин за мапирање и контрола над мрежата. Освен тоа, самиот оперативен систем комуницира со неговиот update сервер и си проверува дали има update-и. Има уште еден куп скриени сервиси и протоколи кои не ни знаеш дека функционираат и комуницраат цело време со мрежата, ова е нормално
.
Но, не ја исклучувам можноста и да е вирус во прашање. За да бидеш 100% сигурен дека не е, инсталирај си NetLimiter. Со него можеш да блокираш определени сервиси и апликации да не разменуваат податоци со интернет мрежата, сите ќе бидат листа на апликации и сервиси кои комуницираат со инетрнет мрежата во NetLimiter. На сите можеш да им го блокираш сообраќајот со интернет мрежата, како и само да им лимитираш траснфер на податоци (помалку bandwidth да трошат). Само пази што блокираш бидејќи определени сервиси се потребни за да може компјутерот да се конектира за интрнет мрежата, па може да се случи ако блокираш определен сервис, целосно да ти се блокира пристапот кон интернет
. Ако има некој сервис со сомнително име кое цело време праќа податоци со доста голем bandwdith кон интернет мрежата, најверојатно станува збор за некој тројан или некоја негова модификација
. Така да, блокирај го само него, и види што ќе се случи
. Уште при самата инсталација, самиот програм те прашува дали да го стави firewall-от на Ask или Deny или Allow. Ќе го ставиш на Ask и секоја апликација и сервис која сака да пристапи кон интернет мрежата, прво ќе треба да го помине firewall-от на NetLimiter-от, па потоа да пристапи. Ќе ја погледнеш локацијата на сервисот/програмот, ако е нешто сомнително, ќе кликнеш на Create Rule и ќе стиснеш Deny. Ако си згрешил, секогаш може да го одблокираш сервисот/програмот во главниот прозорец на NetLimiter
.