Убаво си кажува насловот, ми треба сервисна шема или само шема за монитор Nokia, модел 447I, не знам која шасија е мониторот, нема никакви ознаки на шасијата :S, само знам дека не е шемата иста со шасиите 447K, 447S, 447W и 447ZAPlus, иако морам да напоменам дека шемата е многу слична на шасијата 447ZAPlus, само што ги нема додатните опции кои ги има 447ZAPlus (мислам дека има USB интерфејс за контрола на мониторот, барем колку што сватив од service manual-от), користат ист deflection processor (TDA9109) и ист видео контролер за контрола на RGB топовите со I2C bus (TDA4886).
ПС: Барав нешто на net и видов дека името на шасијата и е SMA222, на самата шасија има ознака SMA222F, најверојатно е истата шасија.
ППС: Дознав дека овој модел е сличен со моделот 447ZI и шасијата на моделот 447ZI е всушност SMA222.