Провери да не е пробиен тријакот па да добива грачот цело време полн напон.
Не е пробиен. Само снагата на ајвата е од 12 вати до 65 вати кога потенциометарот е во мин положба или "200 степени" (246 KOmi) и максимална положба или "450 степени" (~0 omi).
Сепак ако се постави блок кондензатор од 20nF паралелно со постоечкиот во празните лемни места тогаш минималната снага е околу 9 вати и ајвата постигнува и одржува околу 310-320 степени (а подесена на 200 степени или минимум).
А ако се постави 47nF тогаш ајвата не грее воопшто на минумим и се додека не се постави потенциометарот на околу половина снага воопшто не свети ни лед диодата.