Прашањето изгледа не ми го разбравте, прашањето ми беше, зошто низ повеќе градови во државава има средни технички училишта, а нема продавници за компоненти. И уште едно прашање, за оние кои учат во средно техничко училиште во град кој нема продавници за електронски компоненти, од каде ги набавувате компонентите кога изработувате уреди по пракса? Јас колку што знам, само во Скопје и во Битола има продавници за електронски компоненти, не сум чул да има низ други градови. Можеби има некои, ама повеќе за „општонаменска техника“, значи прекинувачи, бела техника, термостати, итн.