Што да го допрам кога има програма да тоа ... сега и на програмине не треба да се верува мн. ама паѓа windows-от, еве сега пред 15 минути ми се случи истото и знаев дека ќе падни и уклучив тоа програмата за мерење температура и 65 степени беше... а сега е 45-46
Прво, поцесор не кочи на 65 степени, почнуваат да кочат накај 80 или 90 степени. AMD беа малку тепературано нестабилни, но тој проблем го средија уште одамна
.
Второ, не се допира самиот процесор, температурата на ладилното тело е за неколку степени пониска од температурата во јадрото, и ништо сеоризно не е тоа. На температура од 65 степени, нема да можеш да го држиш ладилното тело подолго од една или две секунди. Ако можеш да го држиш подолго од ова, значи температурата е пониска од 65 степени.
Трето, ако ти кочи целата машина, можно е да има лош контакт помеѓу пиновите на процесорот и матичната плоча, но тоа може да се среди со вадење на процесорот и негово повторно местење на лежиштето за CPU.
За да бидеш сигурен дека температура е во прашање, стави еден голем вентилатор (како за ладење на соба, оние што се по 500 денари кај пластичарите во Скопје) и пушти го на максимум насочен накај куќиштето (од левата страна, како што нормално се отвора доколку сакаш да смениш некоја компонента). Работи на PC-то, види дали ќе кочи или не. Ако не кочи, до температурата е, ако повторно кочи ипо толку големо ладење, нешто друго е во прашање, не е температурата.
Како за почеток, само извади го процесорот и повторно намести го, не мора да му ја менуваш термо пастата и види што ќе се случи
.