Прво скенерот е добар,ама антениве што се наштекани како водоводни цевки се само како *штос* ставени! Доколку навистина мислиш да правиш мулибанд антена и да ја поставиш на зграда ,треба да расчистиш неколку работи - проектот е скап, треба доста познавање и рачунање, на крај сепак не е извесно што ке добиеш! Сум гледал и проучувал специјални *свичери* ,ако така можам да се изразам за повеке антени,кои електронски ги менуваат опсезите .Тоа се скапи уреди и за самоградба,со прескалери, специјални GaSe транзистори. Тоа го работат Американците и понекој Русин.Русите исклучи ги,тие имаат специфични компоненти,до кои тешко се доаѓа.На америјанскиот пазар гледав некои уреди кои почнуваат од 600 $ па натаму.. Ти препорачувам да направиш две антени : дипол за КТ и некоја УКТ антена ( со мотор по можност) кои би ги преклопувал со реле.Тоа се специјални релиња (антенски) кои се скапечки,треба нешто електроника за преклопување,за вртење на моторот(позиционер) и секако соодветно претпојачало за УКТ. Ти препорачувам да ја најдеш Ротхамел *АНТЕНИ* ( на германски е!) ,како и *Прирачникот за радио-аматери и техничари* од Др.Божо Метзгер и од тука да започнеш.