Не се работи само во јачината! Прво,досега Биема засилувач не ми прегорел,а со нив работам безмалку 3-4 години.Ставив некои шеми на Форум од овие засилувачи,а да не испадне реклама ги има од 2 х 100 до 2х 800 - 1000 вати.Значи,скоро за сите намени. Скоро сите се транзисторски, димензионирани за работа со часови,со ниски изобличувања,јасно ,чисто,линеарно појачување, висок однос сигнал/шум,солиден дампинг ,фреквентен опсег итн.Јас овој W110 го ставив за споредба само околу цената 250-300 ЕУ која ја понуди Сириус.Беринџерот 2500 е непредвидлив и знае * да киксне* кога не треба, а мислам и дека напојувањето не му е многу добро направено и често знае да затаи.На терен,каде напонот е нестабилен,има скокови,падови,Беринџерот не е * мустра за фалење* и само со стабилизатор го врзувам понекогаш и никогаш повеке од 1/2 од неговата јачина