Сириус,знаеш како велат * Најдобрата кола е новата кола!* .Проблемот со половните работи е во тоа да пронајдеш случајно (навистина случајно!) нешто добро. Од долгогодишно искуство им велам на сите дека ако купуваш половно влегуваш во ризик толку - колку што мислиш дека си заштедил!! Зборувавме за професионализам и аматеризам.Професионалец за мене е човек кој го купува најдоброто кое во тој момент може да си го дозволи.Новото ,од продавница е секогаш најдобар избор,*прв газда* што се вели. Но,професионализмот не трпи импровизации ,кои некогаш многу болат.Подобро ново појачалце од 200 вати ,отколку половно од 400,кое не ти е сигурно ,а го работиш 6-7 часа и стрепиш дали ке прегрее,дали ке шчури... Не може никој да ме убеди дека рачно правеното може да се носи со вистинско,професионално,појачало.Не бадијата меѓу музичарите се купуваат * Маршали*,*Фендери* *Трејс Елиот* или *Yамана*! Се знае што е *Шур* за микрофоните, *Електро Воис* или *JBL* меѓу звучниците... Сега, велат *колку пари-толку музика*.Меѓутоа,собери пари и купи најдобро што можеш!!