Мислам дека прво треба да си го пресметаш трафото па потоа да правиш пресметки колку транзистори ке ставиш.Мое мислење дека со тоа трафо нема да извадиш повеке од 8 ампера па ти ако сакаш стави и 20 транзистори..................За да не лупаш пари за глупости и да не мислиш дека си добил 15 ампера а неси прво најди си микрометар не шублер,само големите мајстори(винклери) можат да ти измерат дебелина на жица со шублер...............Пиши што си направил..............
И ова така пријателски.......Куќата не се гради од кров,во твојот случај темелот е ТРАФОТО.......
Поздрав
за ова си 100% во право куќата не се гради од кров.
Задолжително ќе го измерам трафото, само да најдам микрометар, а како крајна опција ќе му дадам на некој да го измери. Морам да знам што имам
Иако нагласив дека веќе ми е укажано од човекот од кој го земав трафото дека е 600W. Ај да не се пофтарам од пост во пост. Како и да е ќе си се осигурам.
Она што би сакал да го знам, независно дали го бива трафото или не, е дали ми се добри пресметките за излезните транзистори. Учам и сакам да знам дали сум научил или сум сватил погрешно.
Споено мислење: [time]04 Јануари 2013, 13:25:42[/time]
Ги мерев жиците од секундарот. Излезе 2,2мм ...со лак нормално