Ова е одговор лично за GigaWatt!
Оваа "Лабораторија на звукот" лично јас сум ја направил,...и да се знае не е некое светско чудо, но за мене лично е одличен систем! Право да ви кажам: уживам во музиката репродуцирана од него!!?
Оваа т.н. Лабораторија на звукот е изработена во домашни аматерски услови!
Репродуцира одличе звук,...верувале или не!!?
Одговор за izotop: Среднотонецот (инаку преден звучник за во кола-монтиран на врата) како што напоменав е купен на времето од градски трговски центар! Во средината има неодиумски високотоец, но право да ви кажам високотонецот не го бива за ништо!?
По мерењето со уредот CLIO среднотонецот работи со осетливост од околу 90dB, но високотонецот работи на 86dB!??
- скоро да не се слуша!?? Затоа е додаден и високотонецот горе на звучникот!!
Идејата ми беше овој звучник да го проектирам со еден бас и звучникот од SONY, но заради причините наведени погоре не успеав!?
Поради сево ова сакав да се жалам до SONY, но баталисав!??
Инаку среднотонските звучници во системов се
SONY Xplod и купени се (како што напоменав) на времето од градски трговски центар за 60 евра пар!!?
Басовите се кинески (65 евра пар) , се наменети за сабвуфер со ТS-параметри:Qts=0,61, fs=41Hz, oсетливост 93dB, декларирана моќност од Po=250W/4omi итн...овие вредности се добиени со вистинско мерење на уредот CLIO!!!
Фреквенцискта карактеристика и свртницата се од овој тросистемски звучник и се прикажан долу на сликата!
Со мерење на сите ТS-параметри на сите три звучника (поединечно за секј звуЧник) во комплетниот звучник (така тоа се прави!) после се,....е проектирана свртницата!
Како што гледате од графикот фреквенциската крива е многу рамна на поголемо фреквенциско подрачје на+/- 1dB!.
Звукот на звучниците е неутрален и затоа е многу благопријатен за подолго слушање на пвеќе видови музика!!
Овие звучници имаат вистински длабок бас, кој не е "ептем" цврст, но затоа при погласна музика ги тресе прозорите и се друго,....
Поздрав
П.С.
MAKEDONIJA, дај вистински мерења на твојот систем kako што дадов јас,....веруај по мерењата сите ќе ти поверуваме дека се што си напишал си бил во право!!