На мене изгледа ми било предодредено да се занимавам со електроника. Од предшколкска возраст ме интересирало, иако дома не сум имал некој да работи со тоа.
Прво, сум почнал со растурање. Радија, грамофони, се тоа имам „поправано“, и притоа многу пати ме има дрмано струја...
Кога тргнав во школо ми купија од Бугарија комплет се викаше „електро пионир“ - имаше моторче, зујалка, сјаличка, прекинувач, и ситни работи и се правеа некакви кола.
Јас секако ги комбинирав со компонентите извадени од радијата и се обидував да направам нешто.
После тоа во 5-то одделение се запишав на секција по електроника и таму почнав „посериозно“ со предавателчиња, детектори, напојувања...
Некаде кога бев 7-мо одделение (1996) го открив Емитер кој ми беше еден вид патоказ, и од тогаш до денес само неколку броја имам пропуштено, а доста склопови кои сум ги изработил се од таму.
Инаку ги имам книгите „Мала школа електронике“ и „Радиоприемници“, а ја имам и шемата за АМ предавателот за која зборувавте.
Батка: Знам за тие транзистори кои ги наведе, само јас кога ги барав да правам (негде 1993 год) веќе не се произведуваа.