интересно, значи во 8мо по ОТО сте работеле електроника? Дали има некој на форумот, кога правеа АМ предаватели по во 8мо одделение?
Мислам дека во тие кит комплетите немаше АМ предаватели... барем мислам, не ме земајте за збор, или јас постара генерација сум, па за мене немало :S.
имаше такви предаватели за тие што беа 8мо одделение во 1997/98 година.
После тоа веќе немаше АМ предавател во комплетите
Имаше,имаше... Ја превзедовме таа шема од хрватски школски учебник.Тие во ЈУ беа многу напред,осовено Средното техничко во Загреб и Вараждин.Сите мислите дека можеби Словенците беа * перјаницата* во екс-ЈУ,ама јас тврдам дека хрватите имаа подобар образовен систем ;DЈас сум *крив* за таа шема
,која Дх-ерот упорни ја бара.Имам во подрум некои хрватски книги од тоа време,ама треба да барам.Со еден транзистор мислам беше,имаше калем со 2 намотки.... Јас македонската електроника ја воведов во осмо одделение далечната за вас 1990 година,кога во комплетите за 8-мо одделение НТ Велес ,за прв пат стави електронска плочка и делови со кои на универзалната плочка се правеа 4 уредчиња.Тоа беше сензација (верувајте!
) и за пошироката *околина*.Хрватите и Србите имаа конструкторски кутии за работа,а ние имавме комплет*еден за еден*-значи секој ученик имаше своја плочка и делови.Имавме среќа,малку не спонзорираше ЕУРОТЕК од Алдинци со плочките,делови од Турција,Бугарија и Русија( да!
) земавме. Иначе јас почнав со комплетот РК 160 од ПК *Никола Тесла * од Белград со некои 9 години и бев кај братучед ми во Белград еден месец за распуст и посетував курс.Тоа беше некаде 1972-3 година,не се секавам баш!
Кутијата беше со шасија од лесонит ,со дупки,на кои се монтираа федерчиња и на нив се вметнуваа изводи од електронски елементи.Книгата беше * Мала школа електронике*,првите изданија