Иде Нова Година и припремите започнуваат!
Ако немате, еве предлог да си направите лајт шоу со малку делови .Основата се 3 универзални транзистори ,десетина пасивни елементи ,кои заедно прават едноставна електронска свртница за басови,средни и високи.Трите потенциометра даваат можност за регулација по канал.Напојување со 12 В ,а внимание ТИС 226 Д се директно врзани на 220В!!! Извор може да биде миксер ,пп, излез на звучник.Добро е ако го одвоите влезот галвански преку трафо или опто-елемент.! Уредот е направен деновиве и успешно работи во ОУ Васил Главинов.