ги прочитав предходните одгвори, горе долу ми се допаѓаат, но сакам да дадам мое мислење, што не значи дека е факт.
Прво од искуство. Комшијата има сиера 2.3д која што му е во вечити дефект (или тој е дефект
), па така кога го имав стоеденот во неделата 3 пати ја палефме на клеми, со сосема празен акумулатор.
Башка тоа ја верглаше до "смрт", односно додека не ги потроши двата акумулатори. Што е потрагично и понатака настојуваше да запали(најверојатно со затнати дизни
) т.е. верглаше. Нормално алнасерот не се вртеше. Значи во тој случај на еден алтернатор беа приклучени два акумулатори, сосема празни, едниот којзнае каков беше и плус верглаше дизелаш. Полошо од тоа краток спој.... Тука сепак треба да се земе траењето на верглањето, секако нема да вергат по 10 минути континуирано. Е та зима ко не ми прегоре ни акумулатор ни алтернатор незна кога. Најверојатно имаат некоја заштита коај помага краткотрајно.
Друга работа, (да не се враќа да се посеќа) некој погоре напиша дека имат видено изгорени алтернатори. Тоа е точно, на корсата(опел корса) ми изгоре неколку пати од спој во инсталацијата. Исто така имам видено изгорени алтернатори од појачала за во кола. Во двата случаи има континуирано влечење на голема струја, што значи алнасерите, и заштитата не се предвидени за вакви "тортури". Не да редиш кондензатори од фарад од пет фаради ако сакаш и од 100 јотафаради клај му, на алнасерот нема ништо да му мени.
Е сега нов исправен акомулатор од 200аh, на исправна кола(да не влече струја безвеза, да не ја верглаш поласаат) би трбало при полнење да влечи 20-сетина ампери, и да се дополни за некоја минутка, што не би требало да е проблем за алтернаторот. Секако ако нема пуштено парно фарови жмигавци греачи во колата...
Инаку при обид да завергламе волга(со орлите стара) со еден другар, директно на алнасер донесовме 24 волти од два сериски врзани акомулатори. Бидејќи моторот беше зарбибан, Може да претпоставите колкава струја потече. Поради големиот пад на напон доаѓаше и до повлекување на бендексот. Секако не настојувавме многу, обидите беа краткотрајни, а башка и клемите не се држеа поеќе, од топлина. Тоа беше пред 10-тина години, значи имавне релативно мали познавања, да не реча толку ни сечел умот, па го извадивме алнасерот. Го пробавме во празен од и по таква тортура немаше гајле, т.е. работеше. Башка и не мирисаше на изгорен. Значи за да изгорите алнасер треба навистина да се потрудите.