Значи вака, барам лесно контролабилен аналоген switch (значи да не биде контролиран од секвенца на бити туку со просто преспојување на некој определен влез на колото со маса или со +Vcc (логичка нула или логичка единица). Колото треба да биде наменето за аудио примена, значи да има релативно мало избличување и преслушување меѓу канали (преслушувањето пожелно е да биде над 80dB, а изобличувањето помало од 0.1% во целиот спектрален опсег од 20Hz до 20KHz при при максимална јачина на влезен сигнал од 2.5-3V Vpp). Исто така пожелно е да биде стерео (значи да има два прекинувачи кои се активираат истовремено со еден пин од интегрираното коло). Исто така колото би требало да има меморија со која би ја помнела последната позиција во која било активно (значи да не мора со преклопник да ја пони позцијата, туку само да имам едне обичен тастер со кој си бирам кои аналогни прекинувачи да се моментално активни и да ја помнат таа позиција дури и одкако ќе се изгаси колото од напон)
Најдов некои интегрирни кола кои ги имаат овие карактеристики, но имаат еден проблем, само аналчогни прекинувачи се, немаат LED драјвер (или LED дисплеј драјвер) за да ми индицираат кој влез е моментално активен, а исто така немаат меморија со која избраниот влез кој бил активен при последното пуштање на уредот да остане активен и при наредното пуштање. Нивните datasheets се upload-ирани како attachments на post-ов. Наједонставно за употреба е SSM2404, и има релативно мало избличување (0.0008%), како и мало преслушување меѓу каналите (-98dB) и одлична OFF изолација (-100dB), само што проблемот е што ќе ми бидат потребни три вакви кола за да можам да избирам меѓу шест влезови :S. Исто така немаат LED драјвер за да има индикација кој канал е моментално активен и немаат меморија за да го држат тој канал активен и по исклучувањето на напојувањето :S.
Значи што взушност барам: барам аналоген switch (по можност стерео, но и со моно варијанта би се снашол) кој има LED драјвер за индикација за моментално избраниот канал или LED дисплеј драјвер (да пишува дека моментално првиот или вториот или третиот канал е активен), по можност каналите (swicth-от/switch-овиет кои се моментално активни) да се бираат со up и down копчиња (да бидат тастерчиња) или евентуално за бирање на моментално активниот канал да има посебен тастер, но по притискањето на тастерот колото да си ја држи меморијата и по неговото исклучување од работа и нареден пат кога ќе се пушти да си ја помни позицијата.
Знам дека ова можам да го изведам со неколку кола, но барам all-in-one коло, за да не трошам пари да купувам 10 вакви различни кола и да ги спојувам на крај :S. Значи во принцип барам многу (знам
), но навистина не знам дали вакво коло воопшто постои, тоа е проблемот :S, а се утепав од барање :S.
Благодарам на помошта на сите
.
CXA1568S:
http://www.datasheetcatalog.com/datasheets_pdf/C/X/A/1/CXA1568S.shtml
LM1028:
http://www.alldatasheet.com/datasheet-pdf/pdf/117103/NSC/LM1038.html
SSM2404:
http://www.analog.com/en/switchesmultiplexers/analog-switches/ssm2404/products/product.html
TDA1029:
http://www.datasheetcatalog.com/datasheets_pdf/T/D/A/1/TDA1029.shtml