Јас бити препорачал да го замениш вториот транзистор со BFR91 или BFR96, и провери колку дава домет, ако работи намали го отпорникот на емитерот кај вториот транзистор, од 100 на 47 оми, ова би требало да го зголеми дометот.
Друг проблем ти е излезната намотка од 6,8 микрохенри кај антената, ако си ставил подолга антена, намалија ова намотка, например 2,2 микрохенри, во спротивно ќе го намалува дометот. Намотката од 6,8 микрохенри е тука за компензира за кратката антена во однос на брановата должина, ако ставиш подолга антена намотката треба да биде со помала вредност исто така, или не треба да има намотка воопшто ако антената е со должина 1/4 ламбда, ~ 2,5 метри за 27 Мхз
Но сепак ова е 27 Мхз и за да добиеш добри резултати ти треба поголема моќност (500 миливати на пр.)