Спомнав balun прво заради физичка и функционална споредба за помалку упатените (ако бараат случајно на гугл), не заради тоа што не знам што е тоа balun. Второ, balun може да се направи на многу начини, идеата е како што рече да се „нагоди“ импедансата. Во суштина се цели да се добие диференцијален напон кој не зависи од масата (и земјата ако се работи за антена) но нормално и зголемен! Тоа значи дека вистинскиот balun е ВФ трансформатор во суштина. Но постојат и поевтини симулации. Што значи тоа:
Вистински балун е трансформатор и најчесто се прави од феритен прстен за VHF и UHF:
Тоа значи дека:
Додавање на load coil за фино нагодување на импедансата на среднобрановата / краткобрановата антена и мотање на коаксијалниот кабел во круг за VHF фрекфенции не е класичен balun. Тој неможе да ја намали импедансата на диполот од 300 оми на 50. Но може да спречи течење на струја во оклопот на коаксијалниот кабел и да спаси од несакано зрачење, губење на ВФ енергија, евентуално хармоници и зголемен SWR (повеќе од грешката 300/50 оми). Таков тип на симулација со мотање на кабелот (го нарекуваат balun на нет, сепак) се прави за повисоките фрекфенции (над 30MHz, докај 300MHz) бидејќи над тоа треба премногу да се витка кабелот а целта е нормално да се штеди на вистински балун и заради едноставност. Еве слика како тоа изгледа:
Исто така има решенија за правење на balun од капацитивен (напонски) (а не од индуктивен (струен) ) тип. Што е проблемот? Проблемот е во феритниот материјал, имено над 500MHz веќе почнува да го „гуши“ сигналот. Тоа значи мора да се направи balun во кој ќе доминира капацитивната компонента и тоа се прави најчесто со парчиња коаксијален кабел. Ова е употребливо некаде над 3m бидејќи ќе треба премногу кабел за пониски фрекфенции и дијаметарот на кабелот нема да одговара. Најчесто се користи за високи фрекфенции (дури и за 2.4GHz). Како тоа изгледа и се прави:
Припрема на добар широкопојасен индуктивен balun со феритен торус има објаснето овде:
http://www.njqrp.org/qhbextra/8/8d.html
Што околу комбинирањето на снагата (избегавме од темата ама тоа е тоа), значи има повеќе методи: паралелен (како што напишав, со употреба на повеќе примарен balun) и сериски (слично на push-pull комбинација како кај аудио засилувачите). Со првиот метод може да се комбинираат повеќе засилувачи во еден излез (кој работат со иста фаза), додека кај вториот начин само два засилувачи кои работат против-фазно 180`. Зошто пак се спомнува balun не знам, веројатно се што им личи на торус а е ВФ го викаат balun, а во суштина и е balun бидејќи излезот на секој (и аудио) трансформатор е небалансиран (диференцијален) така да постојат професионални микрофони со вграден мал трансформатор кој за чудо и него го викаат balun
.
Можеби требаше овие мислења во нова тема но што е тука е.