Мислам дека не може, оти напонот за USB не го регулира софтвер, туку хардверот во напојувањето, тоа што некои USB уреди се исклучуваат или го намалуваат интензитетот на светење (на пример глувчињата) се прави во самoтo глувче со помош на PWM модулација, а напонот на USB си останува 5 волти.
Ако сакаш да го исклучиш USB уредот ќе ти треба некаков микроконтролер кој преку мосфет (или пак преку реле) ќе го исклучува напонот, кога ќе добие команда од софверот за тоа.
Поздрав