Bandpass звучна кутија за басовите, одличен избор ако станува збор за евтин бас звучник (а знаеме кој е квалитетот на звучниците што се продаваат кај нас :S)
. Ќе си извадат најдобри карактеритики со ваква звучна кутија
.
Мада малку ми е чуден обликот на кутијата за среднотонецот. Нема да се јави резонанција и рефракција на звучните бранови бидејќи кутијата е во форма на триаголник?
За високотонецот, сите знаеме (барем за ваков тип на исокотонец, калотен) не е потребно посебно кутииче
.
Инаку вака, звучникот изгледа супер
. А, исто така сакав да прашам и дали лошо или добро ќе влијае обратната распределба на високотонецот и среднотонецот (не се баш „конвенционално“ поставни, прво среднотонец па високотонец, по висината на звучникот, туку обратно)?