@SaleSK
Со Вашата мисла "... тие точки се на 0 потенцијал ..." иако имаат исти потенцијал, тоа не означува дека е еден/исти јазел. Така можеби изгледа бидејќи меѓусебно се поврзани со "дебели" проводници; бидејќи не течат струи низ проводниците (што во нормална ситуација/работа на заземјување и не би требало да течат).
Тие јазли/точки се физички одвоени, само што меѓусебе се поврзани со проводник/жица, што за мали струи изгледаат дека се на исти потенцијал, но за големи струи низ проводниците не изгледаат баш така.
Што се случува кога ќе "проработи" заштитното заземјување, кога ќе протече струја на одвод кон заземјувањето? Или не дај боже атмосферско празење?
Проводниците во електричните инсталации имаат многу мала отпорност, и за нормални потрошувачи со нормални струи, падовите на напон на нив е многу мал. Но во случаеви на кратки споеви, на големи одводи, или електрични празнења од атмосфера, тие струи се големи....... и струите на одвод кон даден јазел се разгрануваат понатаму кон сите гранки поврзани на тој јазел.....
Со употребувањето на поимите јазел и гранка, односно со поделењето на заземјувањето на одделни јазли и гранки во објаснувањето, само сакав да нагласам, дека без разлика од која страна ќе дојде спој со (одвод кон) било кој јазел од заземјувањето, понатаму струјата ќе се разгранува по гранките поврзани на тој јазел од каде што доаѓа одводот..... тоа ми беше смислата на делењето на едно заземјување на повеќе јазли и гранки.......
P.S.
За да тече струја низ некоја жица, мора едниот крај на жицата во однос на другиот крај за малку да е на повисок/понизок потенцијал, инаку не би течела струја (иако јазлите се преспоени со жица, а под жица не асоцира многу мала отпотност = краток спој).
Поздрав,
mkfe.