Наредно, ласерските диоди се залепени со некој вид на цврст лепак кој е кршлив, пробајте со одвртка или танка клешта да ги извадите диодите од алуминиумската глава. Сечете ги лентите (жичките):
Залемете им ваши жички (прецизно) на контактите каде што се залемени постоечките ленти (жички):
Приклучете ја диодата на регулиран извор на напојување преку отпорник од 33 оми / 5W преку амперметар и полека зголемувајте го напонот на напојување додека го гледате амперметарот:
Кога струјата на амперметарот ќе покаже околу 50mA ласерската диода ќе почне да свети црвено. Доколку не свети значи сте ја приклучиле погрешната - инфрацрвената диода што е за CD читање и режење (таа свети мнооогу малку за разлика од црвената диода која чита и режи DVD и свети многу повеќе црвено).
Значи вака добивте гратис црвена ласерска диода но ќе треба сами да се снајдете за да го фокусирате со некоја леќа ласерскиот сноп во точка бидејќи ласерската диода снопот го дава со агол од 30 до 40 степени (шири). Најдобро е да експериментирате со леќи од двоглед или од објективи на стари фото-апарати.
Околу моќта на овој ласерски зрак: Со добро фокусиран сноп е многу опасно да се гледа во ласерот бидејќи може моментално да ослепите.
Ова не е играчка!!!.
За храбрите:
Ласерската диода издружува струја во зависност од брзината на режачот од кој сте ја извадиле диодата (поголема брзина на режење бара помоќна ласерска диода).
Значи доколку сте извадиле ласерска диода од 8х режач, не ја пуштајте на повеќе од 150mA струја бидејќи ќе прегори, доколку сте расклопиле 16х режач, може да ја пуштите диодата и до 300mA, a доколку сте расклопиле од новите најмодерните 22х режачи тогаш имате многу моќна ласерска диода која издржува и до 400mA струја со која можете да добиете дури 100mW светлосна (ласерска) енергија и ако е добро фокусирана може да гори црни предмети како црн изолир, да пука црни балони и други интересни работи. Среќно експериментирање и
ГОЛЕМА ВНИМАТЕЛНОСТ!!!