За обични транзистори повеќе се разбирам, за ВФ помалку, така да и мене ме интересира дали само ослабуваат после определен период или не
.
Во студентското радио (новото што го отворија па пак го затворија) имаше еден 200W-ен Iskra предавател. Многу стар беше, се гледаше, фреквенцијата на предавање му се подесуваше преку дисплај и со тастерчиња (значи дигитално), ама се гледаше дека е стар. Колку што забелешав, си работеше супер иако беше стар. Единствен проблем беше малку повисокото ниво на шум. Е сега, не знам дали беше тоа заради истрошеноста општо на компонентите (електролити, потенциометарчиња, прашина) или потрошеност на транзисторите, или пак можеби таков бил уште од почетокот (сепак беше доста стар) па можеби тоа ниво на шум од предавател бил најголем дострел во техиниката што го имале тој период... навистина не знам
А дали тоа значи дека може да се корегира импедансата со штеловање на тримерите па потоа пак снагата да биде како порано или е невозможно ?
Мислам дека не, за такви проблеми мислам дека нема корекција, едноставно се заменува нов и тоа е тоа... :S