Колку што гледам јас голем дел од книгите тука се warez, така да веќе има warez на форумот.
Не голем дел, туку скоро сите
.
Но, по некоја случајност warez за книги не се смета како „не знам какво“ кривично дело во однос на warez на софтвер. За тоа треба да му се заблагодариме на чичко Гејтс кој направи да се гледа на warez-от како на сатанска работа. Таков култ кон warez-от не изградија издавачките куќи за книги.
Тема за reverse engineering кракување и слично еинтересна и добродојдена, но за такви работи треба напредно знаење од hardware и software.
Да, ама ќе требаше само јас да пишувам во таа секција (или евентуално уште некој), а немам намера да пишувам туториали за почетници и зошто определени програми кои активно се користат во RCE, доста антивирусни програми ги јавуваат како вируси, тројани и како се не, па да се разубедувам со корисници дека слободно може да ги симнат (а нема да сакаат, ако видат дека Defender, кој е моментално de facto антивирусот кој го користат бидејќи доаѓа bundled со Win10, а ретко кој се замара да го смени или да најде начин да го изгаси), дека нема никаква опасност, итн... едноставно имам изгубено нерви за вакви работи, особено за почетници.
Да изразеше некој желба пред сега јас да спомнам за оваа секција, да, ќе ја направев, бидејќи очигледно има намера да биде активен во таа секција, но јасно ми е дека ако јас ја направев, ќе требаше само јас да пишувам во неа, а веќе немам ни нерви ни време за тоа.
Не знам како да ви објаснам... едноставно се изморив. Извинете вака што ќе се изразам, но новиве генерации се тупи, тупи, тупи до немајкаде... се им е тешко. Еден текст документ со инструкции за инсталација и кракување не знаат да прочитаат, а камо ли да им објаснуваш RCE и зошто програмот го јавува како вирус, а не е
. Ако нешто не го сконтаат за 5 минути, рипаат на друга работа... attention span, 5 минути, толку. Немам намера да се замарам со некој кој не сака да вложи труд и време да го разбере она што е (најчесто) прилично читко и едноставно напишано, ама некој не сака да го вклучи мозокот и да се потруди да разбере... а RCE не е исто што и проста електроника па да ти требаат 15 минути за да склопиш проста конструкција. Бара труд, време и напор да вложиш за да навлезеш во тој свет. Сам да го правам тоа, немам намера... освен ако не е за некој мој проект, па да презентирам и на форумов, тогаш да, ама како што веќе реков, ни за мои лични ќеифови и проекти веќе немам време.
Изгледа не се разбравме за јазикот, не викам јас да се смени јазикот на форумот. Реков дека sonsivri не го спомнав за јазикот и warez, го спомнав само поради структурата на форуми и подфоруми.
Да, и се сложувам дека конструкцијата на секциите е добро направена и да, може да се примени и тука... под услов да бевме форум само за дигитални технологии, а не сме... плус, тие секции треба некој да ги полни, така? Кој овде има пишувано во секциите за микроконтролери? Двајца, тројца? Ајде, нека се 10 членови... толку се... а моментално нема скоро ниеден активен член во тие секции. Единствени секции кои се (колку-толку) активни, се секциите за сервисирање, толку.
Ене, NerdOmega проба да направи нешто, кај е сега членот? Последен пат се има логирано пред 3 месеци, 14.09.2019. Не дека го обвинувам, никој не е обврзан да биде член на форумов, ниту пак да биде активен, ама еве, човекот рече дека сака да се нафати да го „ревитализира“ форумов и да го „размрда“ малку, да привлече нови членови. Отвори неколку теми, но со содржина која би била интересна на некој кој само со тоа се „бафта“ (а практично, такви членови на форумов има многу малку, ако воопшто има... еве, да се земам себеси како пример, не дека не ме заинтересираа темите, ме заинтересираа, ама апсолутно никаква потреба од ништо од тоа што беше презентирано во нив, немав во моментот кога беа презентирани). Практично, треба да имаш барем уште 10-тина членови кои се „на иста бранова должина“ за да имаш активност во тие теми, инаку, ќе замрат... како што и замреа... и, се разбира, тоа го разочара NerdOmega. Проба со темата со заеднички проект да направи нешто, ама, ете гледам, и тоа не му тргна. Ако веќе отвораш таква тема, треба да си свесен дека, на некој начин, ти си иницијатор и „лидер“ на таа идеја и дека ти ќе треба да „ги мкнеш конците“ и да пресечеш во определени одлуки. Добро е што се презентираа доста идеи и што имаше конструктивна дискусија, ама само од дискутирање, ништо не биднува. Треба да пресечеш и да пишеш „добро, ајде еве сега да гласаме за некој проект, предлозите се овие, гласајте“. Е кога виде дека он ќе треба да ги прави тие работи, го снема. Да не бидам сватен погрешно, можеби има и сосема друга валидна причина поради која NerdOmega се нема логирано 3 месеци, но без дополнително објаснување, јас така би ја протолкувал работата... „ова ќе бара доста ангажман, кооридинација на луѓе и ресурси... батали“.