Исто така што мислиш, дали сите сервисери се инженери електроничари а истите работат успешно и дури поквалитетно од повеќемина од инженерите!
Општо познато е дека повеќето инженери најчесто се лоши сервисери, тука нема збор. Кај нив нема некоја средина, или се многу лоши, или многу добри
.
И каде јас напишав смени се по ред во таа “област„ и ќе проработи.
Да, не пиша „смени се“, но пиша „смени ова без проверка, смени она без проверка“... ако станува збор за кондензатори, ОК, бидејќи кој метод и да се примени за мерење на кондензаторите, дали се ОК или не, не е егзактен и се има случено многу пати (барем на мене) според секое мерење, кондензаторот да е ОК, а не е.
Но, во конкретниот случај, стануваше збор за две полупроводнички компоненти и барем за едната од нив, апсолутно има точен и егзактен начин да се провери дали е исправна користејќи два унимери или со помош на тестерот од кој претходно во темава дадов линк.
Прочитај ги моите постови па ако се замислиш ќе приметиш дека не пишувам „бафтана„ !
Никој не кажа дека пишуваш работи на бафтана, само пишав дека знаеш да сугерираш промена на компоненти „на бафтана“ (без проверка). Не секогаш, но да, знаеш да го правиш тоа. Сум забележал дека најчесто е за компоненти за кои „тешко“ (не се користи само унимер) може да се провери дали се исправни или не... како што е оптокаплер.
btw зошто е овој цитат, бафтана е! http://elektronika.mk/index.php?topic=14707.msg128544#msg128544
Кој и колку се тие зошто не ги напишеш, позиција ознака.
Имаш нешто испуштено погледај подобро.
Пример R9101!
Сугестијата е на место, немам апсолутно ништо против тоа
.
Исто така напиши како да го провери U9103!
За него, да, нема едноставен начин како да се провери, практично станува збор за интегрирано коло, иако ознаката на компонентата сугерира дека станува збор за проста полупроводничка компонента.
Но, за оптокаплерот, апсолутно има релативно едноставен начин да се провери дали е исправен.