Кога го чита USB flash-от, во boot менито пушува
UEFI: Производител на flash меморијата?
И да не е така како што пишав погоре, најверојатно бутира само во UEFI mode, не и во класичен MBR. Ах, што глупости направија со тоа UEFI boot :S.
Види дали во BIOS-от некаде може да подесиш да бутира во legacy mode (може да го пишува и како CSM). Ако е disabled, направи му enable, save and exit и ќе се појават две опции за boot од истата flash меморија. Едната е за legacy, другата за UEFI. Ако не знаеш која е која, пробај со едната па со другата, една би требало да функционира
.
Исто така, провери дали дискот ти е форматиран како GPT или MBR диск. Ако е GPT, задолжително конвертирај го во MBR и направи партиции пред да инсталираш Windows. И двете нека се primary, но само првата нека е active.
Исто така, не е лошо, ако дозволува големината на дискот, да ги рипнеш првите 10% од дискот при партиционирањето. Во денешно време, конкретно Windows премногу работи запишува во cache/temp и цело време само пишува или исчитува нешто, па почетокот на дискот, делот на кој е инсталиран оперативниот систем, скоро секогаш е многу повеќе истрошен од остатокот од дискот. За да не се доведе во ситуација да јави bad sectors или не дај боже, SMART да прејде во BAD, најдобро е ако од време на време (на секое форматирање), да се оптоварува и друг дел од дискот, а оној кој првично бил оптоварен, воопшто да не се партиционира. На пример, јас, на 500GB HDD, ако претходно бил инсталиран и партициониран од почетокот на дискот, ако реинсталирам оперативен систем, на наредната инсталација ја почнувам првата партиција од 50-тиот GB
. Да, вака губиш на простор, ама добиваш на долговечност на дискот, а на повеќето корисници нема да им пречи, и онака најчесто не ги користат компјутерите за нешто навистина корисно (за жал
).
Истото важи и за SSD. Принципот на работа целосно се разликува, но и они имаат конечен број на запишувања/исчитувања на определен сектор
.
Surface pro3 е 2 во едно таблет лаптоп така да вадење батерија за биос не е опција
Можно е и да нема BIOS батерија, да функционира само со интегрираната (батеријата со која работи).